Научна расправа „Спогодбата од Преспа: меѓународно значење и импликации врз евро-атлантските интеграции на Република Македонија

Почитувани,

Центарот за стратегиски истражувања (ЦСИ) при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) со задоволство Ве известува дека на ден 11ти септември 2018 година со почеток во 10:00 часот во Свечената сала на МАНУ ќе се одржи научната расправа на тема:

„СПОГОДБАТА ОД ПРЕСПА: МЕЃУНАРОДНО ЗНАЧЕЊЕ И ИМПЛИКАЦИИ ВРЗ ЕВРО-АТЛАНТСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“

Расправата се организира како одговор на потребата од научна и стручна анализа на Спогодбата за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Провремената спогодна од 1995 г. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните (Спогодба од Преспа) и на општестветниот, политичкиот и медиумскиот контекст во кој таа е склучена. Инкорпорирањето на Спогодбата со нејзината ратификација во правниот систем на Република Македонија налага и неопходност од научно толкување на нејзината содржината и објаснување на нејзините импликации врз правните поредоци на договорните страни, но и врз билатералните и меѓународните политички, дипломатски, економски и други односи.

Учество на расправата ќе земат повеќе членови на МАНУ, еминентни научници, претставници на органите на власта и на акредитираните дипломатски мисии во Република Македонија. Работни јазици на Расправата ќе бидат македонскиот, албанскиот и англискиот. Симултан превод ќе биде обезбеден за секој учесник.

Повеќе податоци се достапни во програмата за Расправата на овој ЛИНК.

Англиската верзија на програмата за Расправата е достапна на овој ЛИНК.