ПОВИК ЗА ТРУДОВИ – МЕЃУНАРОДЕН ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ „SOCIETAS ET SCIENTIA“

Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науките и уметностите ги поканува сите заинтересирани студенти од прв, втор и трет циклус на студии во сферата на општествените науки да достават свои научни или стручни трудови кои ќе бидат објавени во Зборник на „Охридската школа на природното право“ кој го носи насловот „Societas et Scientia.

Трудовите треба да бидат авторски, а со нив треба да се обработува тема која ќе ја опфаќа заштитата на човековите и граѓанските права и слободи, односно нивното унапредување, без разлика дали од перспектива на правните, политичките, социолошките, економските или другите општествени науки. За објавувањето на секој труд поединечно ќе одлучи Меѓународниот уредувачки одбор на Зборникот кој е сочинет од академици, професори и други истакнати експерти од науката и практиката.

 

Секој труд треба да биде составен согласно АНЕКС I – Упатство за изработка на труд на овој повик.

 

Краен рок за доставување на трудови е 1ви септември 2018 година.

 

Трудовите треба да бидат доставени во електронска форма на адреса bitrakovk@manu.edu.mk. Со нив треба да биде доставена и куса биографија на авторот. Трудови во печатена форма нема да бидат прифатени.