Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави и Амбасадата на Шпанија ја организира третата сесија на Охридската школа на природното право под наслов „Good governance and legal reforms“.

Во рамките на Охридската школа се предвидува научно оспособување и усовршување на 20 студенти на постдипломски студии (втор циклус на студии) и 5 студенти на докторски студии (трет циклус на студии) од правните факултети во рамките на државните и приватните универзитети во државата.

Школата ќе се одржи од 1ви до 7ми јули 2018 година во Охрид, Република Македонија (научен и културен центар „Уранија“).

Целосниот повик можете да го погледнете ТУКА.

Апликациониот формулар е достапен ТУКА.

Рок за доставување на пополнети апликациони формулари е 31.05.2018 година. Апликациите треба да бидат доставени на prirodnopravo@manu.edu.mk согласно инструкциите на горепоставените документи.

Публикации

Книги


Поглавја во книги


Статии во списанија


Конференции