Во рамки на проектот „Владеење на правото во функција на економскиот раст и развој“, на
9 декември 2025 година, со почеток во 9:30 часот во хотел Александар Палас, успешно се
одржа истражување со фокус групи на тема: Правната клима како фактор за одржлив
економски раст и развој.
Настанот го отворија членовите на проектниот тим – акад. Владо Камбовски и акад. Таки
Фити, како и експертите проф. Гордана Лажетиќ од Правниот факултет „Јустинијан Први“
Скопје и проф. д-р Владимир Филиповски од Економскиот факултет – Скопје.
Работата продолжи со работа во повеќе групи – економски и правни, во кои учествуваа
претставници од релевантни институции, бизнис секторот, академската заедница,
студентите и невладиниот сектор. Учесниците активно учествуваа во дискусии и анализа
на теми поврзани со перцепциите за правната клима и нејзиното влијание врз бизнис
секторот и економскиот раст, ефикасноста на институциите, правната сигурност и
владеењето на правото, како и реформските приоритети.
Во рамки на фокус групите, исто така беа разгледани и клучните наоди од меѓународни
извештаи и индикатори поврзани со владеењето на правото, квалитетот на институциите и
други релевантни аспекти.
На крајот од настанот, беа сумирани и претставени клучните наоди од фокус групите, кои
ќе послужат како важен основ за натамошно креирање политики и мерки за подобрување
на правната клима и поттикнување на одржлив економски раст и развој.

Слики од настанот: