Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), од 2012 година организира годишни конференции за одбележување на Меѓународниот ден на толеранцијата – 16 ноември на теми поврзани со толеранцијата во општа смисла, а со особен фокус на институционалниот одговор кон криминалот од омраза и говорот на омраза, справување со стереотипите, како и дијалогот меѓу религиите.
Како говорници беа вклучени претставници на Европската академија на науките и уметностите, ОДИХР, Академијата за судии и јавни обвинители, државни институции, експерти во полето на антидискриминацијата, како и други реномирани претставници на академската заедница. Ваквите конференции се покажаа како корисни за ширење на пораката за толеранција, а, во исто време, придонесоа и за воспоставување дијалог на високо ниво во земјата во поглед на механизмите за справување со криминалот од омраза, говорот на омраза и дискриминацијата.
Меѓународниот ден на толеранција, што традиционално се одбележува во МАНУ, се одбележа и на 16ти ноември 2016, под наслов: „Дијалогот меѓу цивилизациите и предизвиците на толеранцијата во дигиталната ера“.
Во 2016 година, за прв пат беше објавен повик за доставување трудови, а дел од нив беа презентирани на конференцијата. Авторите во своите трудови се осврнаа на прашањето како технологијата на 21 век го менува начинот на кој размислуваме и се чувствуваме и нејзиното влијание врз Балканскиот Регион, како и врз структурните и институционалните прашања на кои се должи ранливоста на Западниот Балкан (проблеми што произлегуваат од нашето минато и нивната повраност со сегашните предизвици).
Членови во уредувачки одбор беа:
Публикацијата е достапна на следниот линк: Дијалог меѓу цивилизациите, 2018
Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, основан во 2000 година, спроведува фундаментални и применети научноистражувачки проекти од стратегиски интерес за Република Северна Македонија. Фокусот е на општествените науки, особено економијата, правото, евроатлантските интеграции, образованието и безбедноста. Центарот организира научни собири, објавува истражувачки резултати и остварува меѓународна академска соработка. Преку советодавни активности придонесува кон развојот на национални стратегии и јавни политики.