На 17 јануари 2018 година, во рамките на континуираниот ангажман во следењето на состојбите во областите на знаењата, истражувањата и развојот во интерес на забрзана преобразба на македонското општество, Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ организираше научна и стручна расправа на тема „Новиот закон за високо образование и законското уредување на научноистражувачката и иновативната дејност“.
Извештајот за одржаната стручна расправа за Нацрт-Законот за високото образование може да го погледнете на официјалната web страница на МАНУ.
Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, основан во 2000 година, спроведува фундаментални и применети научноистражувачки проекти од стратегиски интерес за Република Северна Македонија. Фокусот е на општествените науки, особено економијата, правото, евроатлантските интеграции, образованието и безбедноста. Центарот организира научни собири, објавува истражувачки резултати и остварува меѓународна академска соработка. Преку советодавни активности придонесува кон развојот на национални стратегии и јавни политики.