На меѓународната научна конференција - International Scientific Conference 2025 – Economic Development and Policies: Realities and Prospects. Sustainability in the Conditions of Global Transformations, одржана на 24 ноември 2025 година во Софија, Бугарија, учествуваа м-р Татјана Џамбазовска и д-р Марица Антовска-Митев, членови на проектот Доброто владеење во функција на економски раст и развој, финансиски поддржан од Министерството за образование и наука.

Конференцијата беше организирана од Институтот за економски истражувања при Бугарската академија на науките.

На настанот беше презентиран трудот “Institutions as a Prerequisite for Growth: Projections and Policy Implications for North Macedonia”. Во рамки на презентацијата беа прикажани клучните резултати и заклучоци произлезени од проектот, кој се реализира во Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ.

Трудот опфаќа дел од главните активности, методолошкиот пристап, анализите и резултатите од проектот, a акцент e ставен на значењето на институциите во поттикнувањето на економскиот раст, со фокус на Северна Македонија. Преку меѓународни индикатори е оценет квалитетот и капацитетот на институционалниот систем, а врз основа на идентификуваните слабости се презентирани макроекономски проекции за потенцијалната развојна траекторија на земјата во наредните две децении, под услов спроведување реформи во клучните институционални области.

Презентацијата предизвика интерес кај присутните и придонесе за афирмација на резултатите од проектот.