Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ за потребите на проектот: “Владеење на правото во функција на економскиот раст и развој”  поддржан од Министерството за образование и наука, спроведува постапка на прибирање на понуди, со упатување на покана – барање за доставување на понуди.

Во рамките на проектот се јавува потреба за:

  1. Дизајн на материјали за развивање визуелен идентитет на проектот, и
  2. Пeчатење на промотивен материјал на проектот.

Критериуми за избор:

Од понудувачот се бара да достави најекономична и најдобра понуда во согласност со погоре изнесени потреби. Со тоа што во понудата секоја од горенаведените ставки треба да биде посебно образложена. Критериум за избор на понудата ќе биде најповолната понуда.

Напомена:

Краен рок за доставување на понудите е до 1.12.2025 година до 10 часот по е-пошта на csi@manu.edu.mk

Би замолиле цените да бидат изразени со ДДВ.

Доколку вашата понуда биде избрана ќе бидете информирани.

Во случај на потреба од дополнително појаснувања, слободно контактирајте не.

Скопје, 27.11.2025