На ден 3 декември 2025 година, со почеток од 10 часот, во просториите на Македонскатаакадемија на науките и уметностите се одржа почетниот состанок за проектот „Владеењена правото во функција на економскиот раст и развој“. Проектот го спроведува Центаротза стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ со поддршка од Министерството заобразование и наука.
Проектот има за цел да го истражи влијанието на владеењето на правото врз стабилностана институциите, квалитетот на деловната клима, инвестициите и одржливиот економскиразвој. Особено внимание е посветено на значењето на правната сигурност, независнотосудство, транспарентните институции, предвидливата регулатива како неопходнипредуслови за динамичен економски раст, функционална пазарна економија и повисокаблагосостојба на граѓаните.
За време на состанокот беа презентирани основните компоненти на проектот, предметотна истражување, членовите на проектниот тим, научните хипотези, методологијата,планираните активности, научниот придонес и очекуваните резултати. Во рамките надискусијата беа претставени и клучните тематски области што ќе бидат предмет наподетално истражување.
По презентациите следеше отворена и продуктивна дискусија со учесниците, при што беаразменети мислења, искуства и предлози за унапредување на истражувањето и заподобрување на практичната примена на резултатите.
Фотографии од настанот:
Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, основан во 2000 година, спроведува фундаментални и применети научноистражувачки проекти од стратегиски интерес за Република Северна Македонија. Фокусот е на општествените науки, особено економијата, правото, евроатлантските интеграции, образованието и безбедноста. Центарот организира научни собири, објавува истражувачки резултати и остварува меѓународна академска соработка. Преку советодавни активности придонесува кон развојот на национални стратегии и јавни политики.