На 26 март 2026 година (четврток) со почеток во 11:00 часот, на Економскиот факултет – Скопје, се одржа Tркалезната маса/научна расправа на тема: „Улогата на пазарот и државата во управувањето со ограничените ресурси – случајот на Република Македонија“.
Настанот беше организиран од Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, Економскиот факултет – Скопје (УКИМ) и Сојузот на економисти на Македонија.
Настанот го отвори проф. д-р Мијалче Санта, декан на Економскиот факултет – Скопје, по што следуваа воведните излагања на акад. Таки Фити, раководител на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ и на проф. д-р Борче Треновски, претседател на Сојузот на економистите на Македонија.
Во рамките на настанот, на кој присуствуваа и активноо учествуваа претставници од академската заедница, институциите и бизнис-секторот, се поттикна квалитетна и плодна дискусија за улогата на пазарот и државата во услови на современи економски предизвици.
Фотографии од настанот:
Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, основан во 2000 година, спроведува фундаментални и применети научноистражувачки проекти од стратегиски интерес за Република Северна Македонија. Фокусот е на општествените науки, особено економијата, правото, евроатлантските интеграции, образованието и безбедноста. Центарот организира научни собири, објавува истражувачки резултати и остварува меѓународна академска соработка. Преку советодавни активности придонесува кон развојот на национални стратегии и јавни политики.