Во периодот од 15 до 19 септември 2025 година, во просториите на Македонската академија на науките и уметностите се одржа 13. Конгрес на Меѓународната асоцијација за проучување на Југоисточна Европа (AIESEE).

Седиштето на оваа Асоцијација се наоѓа во Париз и функционира под покровителство на УНЕСКО, а во неа членуваат сите држави од Југоисточна Европа преку свои национални комитети. Конгресите на AIESEE традиционално се одржуваат на секои пет години, а оваа година за прв пат се одржаа во Скопје, во организација на Македонскиот национален комитет на AIESEE при МАНУ.

Свеченото отворање се одржа на 15 септември 2025 година (понеделник), во 11:00 часот во свечената сала на МАНУ.

Во рамките на главниот пленарен панел свое излагање имаше акад. Владо Камбовски, кој говореше на тема „Предизвици на европската интеграција на земјите од Југоисточна Европа (Challenges of European Integration of the South-Eastern European Countries)“.

Во рамките на научните сесии, свое излагање имаше и д-р Марица Антовска-Митев, виш научен соработник со ко-авторски труд со м-р Татјана Дранговска, научен соработник од Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, на тема „Влијанието на вештачката интелигенција врз претприемништвото (Impact of the Artificial Intelligence on Entrepreneurship)“.

Фотографии од Конгресот.