Во просториите на МАНУ, во периодот 24 – 28 март 2025 година се одржа обука закористење на глобалната иновативна алатка International Futures System - IFs,развиена од Pardee Center for International Futures на Универзитетот во Денвер воСАД. На обуката присуствуваа претставници од Центарот за стратегискиистражувања „Ксенте Богоев“ – МАНУ, Истражувачкиот центар за енергетика иодржлив развој – МАНУ, Економски факултет – Скопје, УНДП, Министерство зафинансии и Генерален секретаријат на Владата на РС Македонија, кои се вклучениво процесот на имплементација на Националната развојна стратегија на РСМакедонија.
IFs е глобална, иновативна алатка за креирање политики и долгорочно проектирањена социоекономски трендови, која овозможува проекции на идниот развој во 12области, меѓу кои демографија, економија, образование, здравство иинфраструктура.
Алатката ќе се применува при имплементацијата на Националнатаразвојна стратегија.
Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, основан во 2000 година, спроведува фундаментални и применети научноистражувачки проекти од стратегиски интерес за Република Северна Македонија. Фокусот е на општествените науки, особено економијата, правото, евроатлантските интеграции, образованието и безбедноста. Центарот организира научни собири, објавува истражувачки резултати и остварува меѓународна академска соработка. Преку советодавни активности придонесува кон развојот на национални стратегии и јавни политики.