Нова публикација: Дијалогот меѓу цивилизациите и предизвиците на толеранцијата во дигиталната ера

Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), од 2012 година организира годишни конференции за одбележување на Меѓународниот ден на толеранцијата – 16 ноември на теми поврзани со толеранцијата во општа смисла, а со особен фокус на институционалниот одговор кон криминалот од омраза и говорот на омраза, справување со стереотипите, како и дијалогот меѓу религиите.

Како говорници беа вклучени претставници на Европската академија на науките и уметностите, ОДИХР, Академијата за судии и јавни обвинители, државни институции, експерти во полето на антидискриминацијата, како и други реномирани претставници на академската заедница. Ваквите конференции се покажаа како корисни за ширење на пораката за толеранција, а, во исто време, придонесоа и за воспоставување дијалог на високо ниво во земјата во поглед на механизмите за справување со криминалот од омраза, говорот на омраза и дискриминацијата.

Меѓународниот ден на толеранција, што традиционално се одбележува во МАНУ, се одбележа и на 16ти ноември 2016, под наслов: Дијалогот меѓу цивилизациите и предизвиците на толеранцијата во дигиталната ера“.

 

Во 2016 година, за прв пат беше објавен повик за доставување трудови, а дел од нив беа презентирани на конференцијата. Авторите во своите трудови се осврнаа на прашањето како технологијата на 21 век го менува начинот на кој размислуваме и се чувствуваме и нејзиното влијание врз Балканскиот Регион, како и врз структурните и институционалните прашања на кои се должи ранливоста на Западниот Балкан (проблеми што произлегуваат од нашето минато и нивната повраност со сегашните предизвици).

Членови во уредувачки одбор беа:

  1. Акад. Владо Камбовски, Раководител на Центарот за стратегиски истражувања, МАНУ
  2. Rumiana Jeleva, Institute for the Study of Societies and Knowledge (ISSK) at the Bulgarian Academy of
  3. Edmond Cane, Specialist for Scientific Communication and Public & Foreign Relations, at the Albanian Academy of Sciences
  4. Томе Шеќерџиев, National Rule of Law Officer, OSCE – Mission to Skopje
  5. Елена Мујоска Трпевска, научен соработник, Центар за стратегиски истражувања, МАНУ.

 

Публикацијата е достапна на следниот линк: Дијалог меѓу цивилизациите, 2018