(12.10.2021) ОСНОВИ НА РЕФОРМАТА НА ПРАВНИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ЕКОЛОШКАТА ПРАВДА
Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ секоја година, традиционално, оргнизира барем по една сесија на Охридската школа на природно право – перманентна образовна иницијатива наменета за студенти по право од втор и трет циклус. Сесиите земаа место во Охрид, во научниот и културен центар „Уранија“.
Сепак, поради ковид-19 кризата во 2021 година беше оневозможено организирање на 6-тата сесија на Охридската школа на природното право во Охрид.
Оттука, Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ прибегна кон организирање на еднодневна расправа наменета за студенти по право, но и поширока публика со наслов „Основа на реформата на правниот систем во Република Северна Македонија и еколошката правда“, на 12 октомври 2021 година. Настанот има за своја цел да го привлече вниманието на научната, стручната и пошироката јавност кон проблемите и предизвиците во реформата на правниот систем (економски, политички, социјални и слично), а особено кон нужните чекори со цел правна и судска заштита на животната средина во Република Северна Македонија.
In memoriam – академик Стефан Воденичаров
Преглед на уредби со законска сила донесени по Одлуката за прогласување на вонредна состојба (Сл. весник бр. 68/2020) заклучно со 05.06.2020 година
Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ продолжува со следење на уредбите со законска сила кои ги носи Владата.
Заклучно со 05.06.2020 година, Владата има донесено вкупно 201 уредба со законска сила. Во деновие помеѓу 05.06.2020 година и 08.06.2020 година (заклучно со 15:00 часот кога е објавен овој преглед) не беа донесени нови уредби со законска сила.
Прегледот е достапен на следниот ЛИНК.
Постари публикации