Со задоволство ве информираме дека е објавено новото издание на Societas et Scientia (2025) зборник на трудови од Охридската школа на природното право, во издание на Македонската академија на науките и уметностите, Центар за стратегиски истражувања.
Ова издание обединува релевантни научни трудови од областа на правото, економијата и општествените науки, со посебен фокус на владеењето на правото, казненоправната реформа, човековите права, економските и социјалните предизвици и современите општествени процеси во Република Северна Македонија и пошироко.
Societas et Scientia продолжува да биде значаен форум за интердисциплинарен научен дијалог и критичка анализа, негувајќи ја традицијата на природното право и неговата улога во современата правна држава.
Изданието е достапно за сите заинтересирани читатели. Линк до изданието.
Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, основан во 2000 година, спроведува фундаментални и применети научноистражувачки проекти од стратегиски интерес за Република Северна Македонија. Фокусот е на општествените науки, особено економијата, правото, евроатлантските интеграции, образованието и безбедноста. Центарот организира научни собири, објавува истражувачки резултати и остварува меѓународна академска соработка. Преку советодавни активности придонесува кон развојот на национални стратегии и јавни политики.