Повик за аплицирање за учество на Охридската школа на природното право, јули 2019 година

Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ ја организира петтата сесија на Охридската школа на природното право под наслов „Предизвици на реформите во правниот, политичкиот и безбедносниот систем“. Таа ќе се одржи помеѓу 30ти јуни и 7ми јули 2019 година.

Во рамките на Охридската школа се предвидува научно оспособување и усовршување на 20 студенти на постдипломски студии (втор циклус на студии) и 5 студенти на докторски студии (трет циклус на студии) во областа на правните, политичките и економските науки во рамките на државните и приватните универзитети во државата.

Организациониот одбор ги повикува заинтересираните студенти на втор и трет циклус на правни, политички  и економски студии, да се пријават на повикот и да земат учество на Охридската школа на природното право.

 

Сите трошоци ќе бидат покриени.

 

Повеќе информации за Охридската школа, начинот и роковите за аплицирање да пронајдете ТУКА.

 

На истиот документ се наоѓа и апликациониот формулар.