На 26 март 2026 година (четврток) со почеток во 11:00 часот, на Економскиот факултет – Скопје, се одржа Tркалезната маса/научна расправа на тема: „Улогата на пазарот и државата во управувањето со ограничените ресурси – случајот на Република Македонија“.

Настанот беше организиран од Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, Економскиот факултет – Скопје (УКИМ) и Сојузот на економисти на Македонија.

Настанот го отвори проф. д-р Мијалче Санта, декан на Економскиот факултет – Скопје, по што следуваа воведните излагања на акад. Таки Фити, раководител на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ и на проф. д-р Борче Треновски, претседател на Сојузот на економистите на Македонија.

Во рамките на настанот, на кој присуствуваа и активноо учествуваа претставници од академската заедница, институциите и бизнис-секторот, се поттикна квалитетна и плодна дискусија за улогата на пазарот и државата во услови на современи економски предизвици.

Фотографии од настанот: