Во просториите на МАНУ, во периодот 24 – 28 март 2025 година се одржа обука за
користење на глобалната иновативна алатка International Futures System - IFs,
развиена од Pardee Center for International Futures на Универзитетот во Денвер во
САД. На обуката присуствуваа претставници од Центарот за стратегиски
истражувања „Ксенте Богоев“ – МАНУ, Истражувачкиот центар за енергетика и
одржлив развој – МАНУ, Економски факултет – Скопје, УНДП, Министерство за
финансии и Генерален секретаријат на Владата на РС Македонија, кои се вклучени
во процесот на имплементација на Националната развојна стратегија на РС
Македонија.


IFs е глобална, иновативна алатка за креирање политики и долгорочно проектирање
на социоекономски трендови, која овозможува проекции на идниот развој во 12
области, меѓу кои демографија, економија, образование, здравство и
инфраструктура.

Алатката ќе се применува при имплементацијата на Националната
развојна стратегија.