Во почетокот на септември 2025 година, доц. д-р Елена Мујоска Трпевска, виш научен соработник во Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, успешно учествуваше на две значајни меѓународни конференции во областа на криминологијата и кривичната правда.
На 25-тата годишна конференција на Европското здружение за криминологија, под наслов “Logos of Crime and Punishment”, доц. д-р Мујоска Трпевска ја модерираше сесијата International Criminal Law Making Policies Panel 2 и ја презентираше својата студија:“Strengthening Probation Services in North Macedonia: A Strategic Approach to Reducing Incarceration”.
Презентацијата отвори важни прашања за развојот на пробациските служби, предизвиците во нивното функционирање и потребата од стратегиски пристап кон намалување на затворските санкции.
На меѓународната конференција организирана од Faculty of Criminal Justice and Security – Универзитет Марибор, беше презентиран заедничкиот труд со проф. д-р Гордана Лажетиќ:“Juvenile Delinquency’s Risk Factors in the Post-COVID-19 Times”.
Истражувањето ги идентификува доминантните пост-ковид ризик-фактори кај младите, како што се семејниот стрес, дигиталните ризици, влошеното ментално здравје, училишното отпаѓање и влијанието на врсничките групи. Беше нагласена важноста од рана интервенција и интерсекторски превентивни програми.
Со учеството на овие два високо-релевантни научни форуми, беше истакната научната дејност на МАНУ и проширена соработката со меѓународни истражувачи и институции во областите:
Учеството на доц. д-р Мујоска Трпевска се оствари во рамките на проектот Доброто владеење во функција на економски раст и развој, финансиски поддржан од Министерството за образование и наука.
Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, основан во 2000 година, спроведува фундаментални и применети научноистражувачки проекти од стратегиски интерес за Република Северна Македонија. Фокусот е на општествените науки, особено економијата, правото, евроатлантските интеграции, образованието и безбедноста. Центарот организира научни собири, објавува истражувачки резултати и остварува меѓународна академска соработка. Преку советодавни активности придонесува кон развојот на национални стратегии и јавни политики.