за 3 (три) експертски позиции – еден правник и двајца економистиза изработка на анализи, истражувања и придружни материјали во рамки на проектот„Владеење на правото во функција на економскиот развој (ЛЕГЕКОН)“
Македонската академија на науките и уметностите, односно Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богoeв“, во рамки на спроведувањето на проектот „Владеење на правото во функција на економскиот развој (LEXECON)“, објавува јавен повик за ангажирање на три експерти:1 правник и 2 економисти.
Опис и цели на проектотОпштата цел на проектот е да ја истражи и унапреди поврзаноста меѓу владеењето на правото и економскиот развој во Република Северна Македонија, преку систематско мапирање на клучните показатели, идентификување структурни слабости и предлагање издржани реформи во согласност со европските практики и стандарди.
Специфичните цели се:(1) да се изработи сеопфатна анализа на индикаторите поврзани со владеењето на правото и нивното влијание врз економскиот раст;(2) да се мапираат политичките, институционалните и економските фактори кои создаваат бариери за правна сигурност, инвестиции и продуктивност;(3) да се развијат препораки за реформи кои ќе придонесат за подобра институционална рамка, поефикасни политики и предвидлива економска средина.
За таа цел се распишува овој јавен повик за избор на:1 експерт од областа на правото2 експерти од областа на економијата
Опис и работни задачиАнгажираните експерти ќе треба да ги спроведат следните активности, согласно својата професионална област:
ПравникПодготовка на преглед и анализа на правната и институционалната рамка релевантна за владеењето на правото, со акцент на:
Двајца економистиПодготовка на економска анализа поврзана со:
Потребни квалификации
За правникот:
За економистите:
Временска рамкаАнгажманот ќе се реализира фазно во текот на 2025 и 2026 година, согласно динамиката на активностите на проектот.Надоместокот по работен ден ќе биде определен согласно интерните финансиски правила на проектот, а исплатата ќе се врши во денарска противвредност.
Постапка и правила за пријавување, рок и изборОвој повик е јавен.
Сите заинтересирани кои ги исполнуваат наведените услови може да се пријават со испраќање биографија (CV) на следната е-маил адреса: csi@manu.edu.mk со јасна назнака за позицијата за која аплицираат (правник или економист).
Напомена:
Краен рок за доставување на понудите е до 5.12.2025 година до 16 часот по е-пошта на csi@manu.edu.mk
Пристигнатите пријави ќе бидат разгледани и евалуирани од страна на комисија назначена од Управувачкиот тим на проектот.Кандидатите ќе бидат известени за исходот по завршување на постапката..
Во случај на потреба од дополнително појаснувања, слободно контактирајте не.
Скопје, 1.12.2025
Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, основан во 2000 година, спроведува фундаментални и применети научноистражувачки проекти од стратегиски интерес за Република Северна Македонија. Фокусот е на општествените науки, особено економијата, правото, евроатлантските интеграции, образованието и безбедноста. Центарот организира научни собири, објавува истражувачки резултати и остварува меѓународна академска соработка. Преку советодавни активности придонесува кон развојот на национални стратегии и јавни политики.