На ден 3 декември 2025 година, со почеток од 10 часот, во просториите на Македонската
академија на науките и уметностите се одржа почетниот состанок за проектот „Владеење
на правото во функција на економскиот раст и развој“.
Проектот го спроведува Центарот
за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ со поддршка од Министерството за
образование и наука.

Проектот има за цел да го истражи влијанието на владеењето на правото врз стабилноста
на институциите, квалитетот на деловната клима, инвестициите и одржливиот економски
развој. Особено внимание е посветено на значењето на правната сигурност, независното
судство, транспарентните институции, предвидливата регулатива како неопходни
предуслови за динамичен економски раст, функционална пазарна економија и повисока
благосостојба на граѓаните.

За време на состанокот беа презентирани основните компоненти на проектот, предметот
на истражување, членовите на проектниот тим, научните хипотези, методологијата,
планираните активности, научниот придонес и очекуваните резултати. Во рамките на
дискусијата беа претставени и клучните тематски области што ќе бидат предмет на
подетално истражување.

По презентациите следеше отворена и продуктивна дискусија со учесниците, при што беа
разменети мислења, искуства и предлози за унапредување на истражувањето и за
подобрување на практичната примена на резултатите.

Фотографии од настанот: