На 9 декември 2025 година (вторник), во хотел „Александар Палас“ во Скопје, ќе се одржиистражување со фокус групи на тема Правната клима како фактор за одржливекономски раст и развој, во рамките на проектот „Владеење на правото во функција наекономскиот раст и развој“.Настанот ќе започне во 9:30 часот со регистрација и кратко воведно обраќање, по што ќеследи работа во групи и дискусија со учесниците.
Агенда за настанот.
Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, основан во 2000 година, спроведува фундаментални и применети научноистражувачки проекти од стратегиски интерес за Република Северна Македонија. Фокусот е на општествените науки, особено економијата, правото, евроатлантските интеграции, образованието и безбедноста. Центарот организира научни собири, објавува истражувачки резултати и остварува меѓународна академска соработка. Преку советодавни активности придонесува кон развојот на национални стратегии и јавни политики.