Повик за аплицирање за учество на Охридската школа на природното право, јули 2019 година
Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ ја организира петтата сесија на Охридската школа на природното право под наслов „Предизвици на реформите во правниот, политичкиот и безбедносниот систем“. Таа ќе се одржи помеѓу 30ти јуни и 7ми јули 2019 година.
Во рамките на Охридската школа се предвидува научно оспособување и усовршување на 20 студенти на постдипломски студии (втор циклус на студии) и 5 студенти на докторски студии (трет циклус на студии) во областа на правните, политичките и економските науки во рамките на државните и приватните универзитети во државата.
Организациониот одбор ги повикува заинтересираните студенти на втор и трет циклус на правни, политички и економски студии, да се пријават на повикот и да земат учество на Охридската школа на природното право.
Сите трошоци ќе бидат покриени.
Повеќе информации за Охридската школа, начинот и роковите за аплицирање да пронајдете ТУКА.
На истиот документ се наоѓа и апликациониот формулар.
Реформата во јавното обвинителство, 29 јануари 2019, ЦСИ МАНУ
ИЗВЕШТАЈ, ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕДЛОЗИ
од одржана расправа под наслов „Реформата на јавното обвинителство“
На ден 29 јануари 2019 година во организација на Центарот за стратегиски истражувања се одржа расправата под наслов „Реформата на јавното обвинителство“. Настанот служеше како платформа на која ќе можат да се спротистават научните аргументи како јавното обвинителство во Република Македонија треба да биде конструирано во иднина. (more…)
Научна расправа: „РЕФОРМАТА НА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО“
ИЗВЕШТАЈ, ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕДЛОЗИ
од одржана расправа под наслов „Реформата на јавното обвинителство“
На ден 29 јануари 2019 година во организација на Центарот за стратегиски истражувања се одржа расправата под наслов „Реформата на јавното обвинителство“. Настанот служеше како платформа на која ќе можат да се спротистават научните аргументи како јавното обвинителство во Република Македонија треба да биде конструирано во иднина. (more…)
Понови публикацииПостари публикации