Повик за доставување трудови
Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науките и уметностите ги поканува сите заинтересирани студенти од прв, втор и трет циклус на студии во сферата на општествените науки да достават свои научни или стручни трудови кои ќе бидат објавени во Зборник на „Охридската школа на природното право“ кој го носи насловот „Societas et Scientia“. Рокот за доставување на трудови е до 31 март 2019 година.
Извештај за одржана четврта сесија на Охридската школа на природно право
Четврта сесија на Охридската школа на природно право
На 6 декември 2018 година со почеток од 9.00 часот во МАНУ, Центарот за стратегиски истражувања со поддршка од Министерството за образование и наука ја спроведе четвртата сесија на Охридската школа на природно право. Оваа сесија беше посветена на Доброто управување и Евроатланските интеграции на Република Македонија.
Промоција на Анализа на состојбата со установите за сместување на деца во ризик и на деца во судир со законот во РМ, 1 октомври 2018, МАНУ
На 1 октомври 2018, со почеток од 11 часот во работните сали во Македонската академија на науките и уметностите, Македонското пенолошко друштво ја одржа завршната конференција во рамки на проектот “Анализа на состојбата со установите за сместување на деца во ризик и на деца во судир со законот во РМ” со поддршка на Цивика Мобилитас – проект на Швајцарска агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат НИРАС, МЦМС и СПУ.
Понови публикацииПостари публикации