Научна расправа „Спогодбата од Преспа: меѓународно значење и импликации врз евро-атлантските интеграции на Република Македонија

Почитувани,

Центарот за стратегиски истражувања (ЦСИ) при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) со задоволство Ве известува дека на ден 11ти септември 2018 година со почеток во 10:00 часот во Свечената сала на МАНУ ќе се одржи научната расправа на тема: „СПОГОДБАТА ОД ПРЕСПА: МЕЃУНАРОДНО ЗНАЧЕЊЕ И ИМПЛИКАЦИИ ВРЗ ЕВРО-АТЛАНТСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“.

(more…)

Нова публикација: Дијалогот меѓу цивилизациите и предизвиците на толеранцијата во дигиталната ера

Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), од 2012 година организира годишни конференции за одбележување на Меѓународниот ден на толеранцијата – 16 ноември на теми поврзани со толеранцијата во општа смисла, а со особен фокус на институционалниот одговор кон криминалот од омраза и говорот на омраза, справување со стереотипите, како и дијалогот меѓу религиите.

(more…)

Стручна расправа за Нацрт-законот за високото образование

На 17 јануари 2018 година, во рамките на континуираниот ангажман во следењето на состојбите во областите на знаењата, истражувањата и развојот во интерес на забрзана преобразба на македонското општество, Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ организираше научна и стручна расправа на тема „Новиот закон за високо образование и законското уредување на научноистражувачката и иновативната дејност“. (more…)

Понови публикации